Грчкиот остров Санторини во последните денови доживеа еден од најтешките периоди во својата историја, а фактот што земјотресите не стивнуваат ги прави сите жители загрижени за својата иднина. Голем број граѓани веќе „побегнаа“ од островот и животот што дотогаш го градеа е оставен на милост и немилост на природната катастрофа. Сега и оние кои останаа, но и оние надвор од островот, со нетрпение чекаат да видат колку силен ќе биде следниот земјотрес и дали оваа непријатна појава наскоро ќе престане.
Улиците на Санторини изгледаат пусто, а иако видео на профилот на Nikana.gr тврди дека туристите сè уште пристигнуваaт иако моменталната ситуација изгледа морничава. Додека поминувате, може да „налетате“ на животно, кое стенка, бара храна и внимание од минувачите.
Како што се наведува во видеото, има и такви кои останале на Санторини и на вообичаен начин му се посветиле на животот. Тимот на Nikana.gr пронашол човек кој напорно работи во својата градина на убавото време што моментално се наоѓа на островот.
Наводно, група туристи од Кина се фотографирале и се снимале над одрон на Црвената плажа. Инаку,
Црвената плажа, позната по впечатливиот црвен песок и вулканските карпи, сега е затворена. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат одрони и карпи кои паѓаат по карпите сè до црвениот песок на најпознатата плажа.
Истражувачки тимови се распоредени на Санторини и посветено работат на обидот да ја откријат причината за овие чести земјотреси.
Прогласена вонредна состојба
Грчката влада прогласи вонредна состојба во Санторини, откако егејскиот остров беше погоден од илјадници земјотреси за само неколку дена. Министерството за цивилна заштита соопшти дека вонредната состојба ќе важи до 3 март, со цел да се одговори на потребите на населението и последиците од сеизмичката активност.
Премиерот во посета на Санторини
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска го посети островот кој постојано се тресе и ги повика граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на службата за цивилна заштита.
„Сакам уште еднаш да ги уверам жителите на Санторини и на соседните острови кои деновиве се соочуваат со тест дека државниот механизам е на нивна страна“, рече Мицотакис за време на посетата на островот, додавајќи дека подготвеноста и превенцијата се клучни.
Во меѓувреме,
Израел се подготвува за можно
цунами поради земјотресот во Санторини, пишува Тајмс оф Израел.