Минатата година Милица Ѓукановиќ од соседна Србија, раскажа за српските таблоиди како вереникот ја оставил еден месец пред свадбата и како тогаш во неа проработил инаетот и си рекла: „Сега морам да ослабнам. За осум до девет месеци морам да бидам нова, насмеана Милица“. Тоа навистина се случило а девојката својата животна приказна ја раскажала пред камерите на српската телевизија TV Prva.
Милица се трансформирала во текот на девет месеци. Имала 136 килограми, а успеала да ослабе дури 70 килограми. Таа кажува дека и било многу тешко на тренинзите бидејќи почнала да вежба со многу голема тежина. Таа понекогаш мислела дека може да умре, а потоа гневот делувал во неа и ја добивала мотивацијата, што и помогнала да ослабе и да ја доведе фигурата до совршенство.
Објавувајќи видеа пред и по нејзината трансформација, Милица набрзо стана многу популарна на социјалната мрежа ТикТок, каде има над 70.000 следбеници. Нејзините видеа минатата година достигнаа милиони прегледи, а таа стана вистинска атракција не само во Србија и регионот туку и низ целиот свет.
Сепак, ова не е прв пат Милица драстично да ослабе. Откако пред седум-осум години престанала да се занимава со спорт, се здебелила до 117 килограми, но после тоа за пет месеци ослабела 52 килограми.
Бидејќи знаела како функционира нејзиното тело, Милица си смислила план за исхрана и така успеала да изгуби преку 50 килограми.
Покрај тешките периоди, Милица сега е среќна девојка која е популарна и на социјалната мрежа Инстаграм каде со мотивација и план на исхрана им помага на многу луѓе во борбата со вишокот килограми.
Милица Ѓукановиќ минатата година гостуваше во утринската програма на споменатата телевизија, во која отворено зборуваше за трансформацијата, не само физичка, туку и психичка.
„Играв тенис долго време, а потоа престанав. Откако се преселив во Нови Сад поради студиите, веќе не спортував толку многу, најмногу седев и учев и секако многу јадев. Првиот пат многу се здебелив и имав 117 килограми. Во првиот круг за пет месеци успеав да ослабам 52 килограми. Сепак, иако ја задржав тежината од 65 килограми, влегов во врска и како што се случува, девојките се опуштаат. Се опуштив бидејќи имавме малку повеќе проблеми во врската. Му се предадов на смртниот непријател односно храната и така стигнав до 135 килограми. Требаше да се венчаме, но раскинувањето се случи пред свадбата“, раскажала Милица за соседниот медиум.
Иако не сакала да навлегува во подлабоките причини зошто не „пресекла на време“ и не го променила животот пред многу да се здебели, по раскинувањето решила да се врати на сопствените приоритети.
„Моето его беше повредено. И во истата секунда почнав да се борам со својата тежина и најдов тренер и веднаш се вклучив во третманот за да не морам да го вадам вишокот кожа преку операција. Си поставив цел. Само сакам да кажам дека откако ми пишаа дека сум заминала на операција на желудникот и отстранување на вишокот кожа дека тоа не е точно и дека се си помина природно. Исхрана, тренинг и третмани. Беа потребни девет месеци“, додава Милица.
И покрај фантастичната трансформација и поддршка, Милица изјави дека имало жени кои ја критикувале.
„Ме критикуваа што токму тогаш решив да ослабам, зошто не се обидов да ослабам додека бевме уште заедно. Но, тоа беше една од причините за крај на љубовта. Тој веќе не е сфера на интерес за мене, но во тоа време тоа беше повод да се започне. После тоа сфатив дека се што правам треба да правам исклучиво за себе. Кога ги гледам фотографиите пред и потоа си велам – Милица, не си нормална, што си дозволила да правиш“, заклучила Милица.