НЕВЕРОЈАТНО! Какво чудо од дете – иако има само 16 години оваа девојка веќе собори два светски рекорди

Самер Мекинтош е 16-годишна девојка која овие денови е главна тема во Канада. Од неа се очекува одлична кариера со разум бидејќи веќе за кратко време успеа да направи огромни работи.

Таа е пливачка ѕвезда во подем, а тоа што е суперталентирана спортистка говори само по себе кога Самер во саботата во Торонто го собори светскиот рекорд на 400 метри мешано пливање, само пет дена откако го собори рекордот на 400 метри слободно пливање.

Самер го исплива 400 метри за 4:25,87 минути за време на канадските квалификации, време кое се смета за претстојното Светско првенство во Фукуока од 14. до 30. јули.

Тоа беше прв пат навистина да ја слушнам публиката за време на мојата трка. И неверојатно е што целото мое семејство и пријатели ме бодреа на трибините. Навистина ми помогна на последните 100 метри“, изјавила маладата девојка.

КанадапливањеСамер Мекинтош