НЕВЕРОЈАТНО – Младо момче на социјалните мрежи ја откри шокантната тајна за помфритот од McDonald‘s: “Ги разоткрив! Сега ми се закануваат…“ (видео)

Популарниот корисник на социјалната мрежа Тик Ток, Џордан Хаулет (26 г.), кој тврди дека ги знае најсочните „тајни“ на McDonald‘s, изнесе шокантно тврдење.

Имено, како што тврди Џордан Хаулет, „светски познатиот помфрит“ од McDonald‘s е далеку од вегетаријански.

Укажувајќи на „природниот вкус на говедско месо“ наведен како состојка на он-лајн менито на компанијата во САД, тој вели дека знае „зошто помфритот од McDonald‘s има различен вкус од сите други“.

Тоа е затоа што McDonald‘s го готви својот помфрит со вкус на говедско месо измешан со нивното растително масло“, објаснува креаторот на содржината од Сан Диего во видеото на социјалната мрежа Тик Ток објавено минатата недела, кое има 9,6 милиони прегледи.

Еве зошто помфритот е толку добар, но тоа е веројатно лоша вест за вегетаријанците“, тврди тој.

Сфатив дека тоа е информација што треба да ја знаат луѓето со проблеми со исхраната“, изјави Џордан Хаулет за New York Post.

Без разлика дали содржат месо или не – тоа не го менува моето мислење за McDonald‘s – овие помфрит. Сè уште уживам во нив“, нагласува тој, кој тврди дека McDonald‘s му се заканува поради откривањето на оваа тајна!

Познатиот синџир за брза храна реагираше на нивната веб-страница од каде појаснија дека нивните добавувачи делумно ги пржат исечените компири и користат мешавина од масло која содржи арома на говедско месо.

Исто така, природниот вкус на говедско месо содржи хидролизирана пченица и хидролизирано млеко како почетни состојки“, наведува компанијата на својата веб-страница.

Сепак, веб-порталот Eater уште во 2015 година објави дека природниот вкус на говедското месо воопшто не е нужно од говедско месо.

Многу одамна, прехранбената индустрија ја погледна цената на говедското месо и заклучи: Ова е прескапо“, напиша Eater во статија од пред осум години.

Вкусот на говедско месо не бил отсекогаш главен дел од помфритот. Пред 1990-тите години, крцкавиот прилог се готвеше во тенџере со масло од памук и говедски лој или сало, што му дава на компирот целосен вкус и го полни со заситени масти.

Во 1990 година, по контроверзии, синџирот за брза храна се префрли на чисто растително масло, но клиентите го посакуваа истиот месен вкус и денес.

За да се смират двата табора, се роди „природната арома“.

Дури во 2001 година вегетаријанците и Хиндусите, кои не јадат говедско месо од религиозни причини, го тужеа гигантот за брза храна затоа што не го истакнал додатокот за месо.

McDonald‘sхрана