Новак Ѓоковиќ го победи Ласло Џер по маратон во пет сета, а потоа изјави дека одиграл еден од најдобрите мечеви .
Не му одеше најдобро на Новак, кој заостана два сета, но успеа да се врати и на неверојатен начин да обезбеди четврта рунда.
– Неверојатно, неверојатно… Еве, речиси е два часот и толку многу луѓе останаа на трибините. Ви благодарам, не поддржавте и двајцата, се надевам дека уживавте – изјави Ѓоковиќ веднаш по натпреварот и веднаш потоа му призна на Џер кој одигра фантастично:
– Не уживав, особено во првите два сета, ова е еден од најтешките натпревари во последните неколку сезони и еден од најдобрите мечеви што сум ги одиграл.
По загубените два сета, Ѓоковиќ го искористи правото да оди во тоалет.
– Разговарав малку со себе, си кажав во огледалото што треба да направам за да ги свртам работите. Продолжив да верувам во себе. Се случи и претходно да загубим два пати, не секогаш успевав да се вратам, но сега успеав.
Новак беше запрашан дали го забележал заморот на противникот во решавачкиот сет.
– И да беше уморен, не покажуваше. Одигра многу добро во петтиот сет, можеби и подобро од третиот и четвртиот. Тој беше таму, ми дишеше низ вратот. Тешко ми беше да најдам решение. Во третиот сет се подигнав.
На крајот накратко кажа што едвај чекал.
– Во тие моменти само сакав да се опуштам.