Бразилскиот рибар Дејвид Соарес (43 г.) бил спасен по два дена пловење во Атлантскиот Океан. Како што изјавил тој за тамошните медиуми, паднал од својот рибарски чамец и пливал четири часа пред да наиде на предмет на кој успеал да се качи.
Утврдено е дека тој во моментот кога бил пронајден бил дехидриран. Соарес испловил од плажата Атафона во Рио де Жанеиро на 25. декември кога се лизнал од својот чамец и паднал во океанот додека ловел риба.
„Првите 10 минути беа најтешки бидејќи сакав по секоја цена да се вратам на чамецот, но струите беа премногу силни и не можев да стигнам до него“, изјавил тој за тамошните медиуми.
Кога сфатил дека мора да направи нешто, ги соблекол кошулата и панталоните бидејќи тоа го влечело кон дното.
„Беше ветровито, па осетив дека водата ме турка насекаде, ме носи насекаде за да изгубам што повеќе енергија“, објаснил тој.
По четири часа поминати во океанот тој стигнал до цврст предмeт, на кој се искачил.
„Мислев дека ќе замрзнам до смрт“, се сеќава тој на немилиот настан.
Рибарот дури по два дена бил забележан од други рибари кои тргнале во потрага по него откако биле известени од неговото семејство. И покрај се тој беше бил насмеан и расположен. Го обземале емоции кога ја видел реакцијата на рибарите кои го пронашле и вели дека – „сите плачеа“.