На видеото се гледа како човек во последен момент успева да се спаси, додека бега од урнатините.
Семејствата во Маракеш собрани заедно ја поминаа својата втора ноќ на улица минатата ноќ. Најсмртоносниот земјотрес во Мароко во повеќе од половина век остави многумина да се плашат дека повеќе не е безбедно да се вратат во своите домови.
Неизвесноста зафати многумина во Маракеш, 70 километри североисточно од епицентарот, бидејќи се загрижени дека земјотресот со јачина од 6,8 степени, во кој загинаа повеќе од 2.000 луѓе, можеби ги оштетил нивните домови или дека последователен потрес може да ги уништи во наредните часови или денови.
Во меѓувреме се појавија нови снимки од земјотресот од надзорните камери.
Неверојатното видео покажува како еден човек успева да се спаси во последен момент, додека бега од урнатините.
Британскиот Sky News објави уште едно ново видео на кое се гледа како луѓето нормално одат по улиците во близина на синагогата Слат ал Азам кога се случи земјотресот со јачина од 6,8 степени.
Кога ѕидот почнал да се урива и да се крева прашина, луѓето почнале да паничат и да бараат засолниште.