На свадба во САД, невестата по име Натали, медицинска сестра и мајка на три деца, стана интернет хит откако ги изненади сопругот и свадбените гости со својот провокативен танц во скут.
Во виралното видео на TikTok кое собра над 4,8 милиони прегледи, Натали изведе не толку традиционален „перформанс“ среде свадбената веселба.
На видеото се гледа како нејзиниот сопруг седи на стол на средина од подиумот за танцување, додека таа, во лелеава венчаница и сандали, скока наопаку во неговиот скут, раширувајќи ги нозете во воздух и заводливо потскокнувајќи го меѓуножјето пред неговото лице.
Гостите со шок го гледаа перверзниот танц , а невестата го објави видеото на интернет.
Во описот на видеото, Натали се пошегува на своја сметка и напиша:
Кога пиеш премногу на свадба.
@itsnatalierosee 🍹🤣 #weddingnight #funtimes ♬ Oh No No No – Music Falcon
Реакциите на социјалните мрежи беа мешани. Додека некои гледачи беа шокирани и коментираа дека „не е за пред роднини“ и „не е за свадбен подиум“, други беа воодушевени од нејзината опуштеност и смелост. Некои коментираа дека и тие би сакале таква забава на нивната свадба, додека други се шегуваа за нејзините сандали.