„Тврдеа дека долгот на земјата никогаш нема да биде одржлив, дека ќе биде невозможно да се постигнат примарни суфицити… На крајот, се испостави, дека ништо не е невозможно!
Грција е спасена, пишуваат и Фајненшл Тајмс и Економист за само една недела. По една деценија стегање на ременот и вонредни економски мерки, земјата закрепна и е на прагот на враќање на позитивен инвестициски рејтинг. Грците возбудено очекуваат троен Б минус – што, патем речено, е најниската позитивна инвестициска оценка на рејтинг агенциите. Многумина, вклучително и гувернерот на централната банка на земјата, очекуваат зголемувањето да дојде по изборите на 21 мај, доколку новата влада продолжи со реформите и ја одржи политичката стабилност.
Владејачката конзервативна партија, Нова демократија, победи на изборите пред Сириза, левичарска опозициска партија. Сепак, она што се очекува е дека нема да биде формирана влада, па во јули Грците треба да се вратат во нов изборен круг. Киријакос Мицоатакис, од гореспоменатата Нова Демократија, актуелен грчки премиер, стана новиот миленик на Брисел поради сето горе наведено. Исполираниот технократски тип направи револуција во начинот на кој граѓаните комуницираат со државата, благодарение на импресивната програма за дигитализација.
Фокион Карабијас, извршен директор на грчката Еуробанк, рече дека враќањето на нивото на инвестиции – со кое се нераскинливо поврзани не само државните трошоци за задолжување, туку и оние на локалните кредитори и корпорации – ќе значи најголем пресврт во европскиот финансиски систем .
„Имаше многумина кои сакаа Грција да ја напушти еврозоната. Тие тврдеа дека долгот на земјата никогаш нема да биде одржлив, дека ќе биде невозможно да се постигнат примарни суфицити и дека нејзиниот банкарски систем нема да може да го намали купот лоши заеми рече Карабијас. „На крајот, се испостави, ништо не е невозможно!
Вртоглав раст
По години поминати како проблематично дете на Европа, Грција сега рапидно расте. Економијата постигна едно од најсилните закрепнувања од пандемијата – бруто домашниот производ порасна за 8,4 проценти во 2021 година и 5,9 проценти во 2022 година. Економистите од рејтинг агенциите и инвестициските банки како што е Голдман Сакс очекуваат Грција да продолжи со својот голем пораст следната година.
Овој факт е неверојатен ако се земе во предвид дека уште во февруари 2012 година кредитниот рејтинг беше прикован на самото дно – на селективно неплаќање – а грчката должничка криза се закани да ја распарчи еврозоната. Болните мерки за штедење оставија свој белег на земја која сега има една од највисоките стапки на релативна сиромаштија во ЕУ. На пример, минималната плата е 832 евра, што е за 30 евра помала од 2010 година. Реално, просечната плата е околу една четвртина помала отколку пред 12 години.
Гирогос Чулијаракис, економски советник на гувернерот на грчката централна банка, смета дека враќањето на врвот сепак бара уште една деценија. Реформите не само што ја стабилизираа економијата во слободен пад, туку доведоа и до одредени реални подобрувања. На пример, треба да се истакне трговијата, извозот на стоки од земјата се зголеми за 90 отсто меѓу 2010 и 2021 година – наспроти 42 отсто во целата еврозона. Откако се зголеми на 206 отсто за време на пандемијата, грчкиот државен долг како дел од БДП падна на 171 отсто минатата година, што е најниско ниво од 2021 година и една од најбрзите стапки на намалување на долгот во светот. Пад се очекува и во текот на 2023 година.
„Прилично добра работа“
Придобивка од зголемувањето на странските директни инвестиции имаше и Грција. Минатата година, на пример, тие се зголемија за дури 50 отсто, што е највисоко ниво од почетокот на мерењето во 2002 година. Понатаму, фондот за закрепнување на пандемијата на Европската унија треба да и обезбеди на Грција 30,5 милијарди евра грантови и заеми до 2026 година, што е еднакво на 18 отсто од тековниот БДП.
Туризмот – традиционално најсилниот сектор на грчката економија – закрепна минатата година и достигна 97 отсто од нивоата пред пандемијата. Странците не само што летуваат во земјава, туку многу инвестираат и во недвижнини. Продажбата на недвижен имот на странски купувачи лани била речиси четири пати поголема отколку во 2007 година и достигнала речиси 2 милијарди евра.
Сето ова значи дека во август минатата година, кредиторите ѝ дозволија на Грција да се откаже од механизмите за надзор што беа наметнати претходните 12 години, откако земјата мораше да моли за серија огромни спасувачки пакети, кои се отплаќаат предвреме. Грција сега може да се задолжува на пазарот на редовна основа, плаќајќи распон од помалку од два базични поени над германската владина стапка, приближно исто како Италија.
„Направивме прилично добра работа во многу тешки времиња“, вели г-дин Мицотакис – можеби нескромно, но прецизно.