НЕВИДЕНО ОТКРИТИЕ ДЛАБОКО ПОД ОКЕАНОТ – Пронајден нов вирус на рекордни 8.900 метри под водата во Тихиот Океан

Нов вирус е пронајден во Маријанскиот Ров во Тихиот Океан, најдлабоката точка на површината на Земјата, на длабочина од 8.900 метри.

Нов вирус е откриен на најголемата длабочина досега во океаните на Земјата.

Вирусот наречен „vB_HmeY_H4907“ припаѓа на категоријата бактериофаги, кои инфицираат и се реплицираат внатре во бактериите.

Се верува дека тие се најзастапените форми на живот на планетата и играат клучна улога во екологијата на океаните, помагајќи да се регулира големината на населението и да се испуштаат хранливи материи.

Маријанскиот Ров, кој е длабок речиси 11.000 метри, е најниската точка на Пацификот.

Според нашите сознанија, ова е најдлабокиот познат изолиран вирус во светскиот океан“, изјави Мин Ванг, морски вирусолог од Универзитет во Кина.

Според него, откритието би можело да поттикне понатамошно истражување за стратегиите за преживување на вирусот во некои од најтешките и најоддалечените средини на Земјата.

Екстремните средини нудат оптимални изгледи за откривање нови вируси“, додава тој.

По геномската анализа на новиот вирус, кој не може да зарази луѓе, го доби името „vB_HmeY_H4907“.

Истражувачите веруваат дека овој вирус веројатно е широко распространет во океанот.

вирусокеанТихи Океан