Кога новинарите денес поставија прашање до американската крајбрежна стража какви се шансите да се извлечат телата на петмината мажи кои загинаа во експлозијата на подморницата „Титан“, им беше кажано дека – „условите на океанското дно се неверојатно тешки“.
BBC јавува дека експертите велат дека екстремната сила на експлозијата значи дека ќе биде речиси невозможно да се извлечат телата на загинатите.
„На подморница притисокот е еквивалентен на тежината на Ајфеловата кула“, вели Блер Торнтон, професор по морски науки.
„Структурата на подморницата е она што го штител екипажот од океанот. Сега замислете дека ова нешто што ве штити од огромна сила однадвор, исчезнува за миг“, додава тој.
„При такво влијание на океанската вода, силата би била огромна. Тоа е како да фрлиш 10.000 тони на структура“, вели професорот Дениз Корт, професор по форензичка генетика, кој додава дека – „ќе биде многу тешко да се стигне до таа област доволно брзо за да се извлечат телата“.
„Насилната експлозија на малата подморница значи дека има исклучително мали шанси телата на жртвите да бидат вратени на нивните семејства“, заклучува Дениз Корт.