Том Круз наводно сака повторно да се поврзе со Софија Вергара по нејзиниот развод со сопругот Џо Манганиело.
61-годишниот познат актер кој се прослави по бројните филмски класици, накратко и се додворуваше на актерката во 2005 година, пред да се заљуби во Кејти Холмс.
„Тие веќе имаат одредена историја, но тоа беше повеќе кратка љубовна врска отколку вистинска романса“, открил извор за британскиот магазин Heat.
„Очигледно се забавувале во Холивуд Хилс и уживале. Тогаш Софија Вергара навистина не давала сигнали дека сака нешто долгорочно, па се завршило на сосема пријателски начин и тие останале пријатели“, понатаму тврди инсајдерот, пренесува NY Post. Сепак, како што понатаму тврди изворот, на Том Круз отсекогаш му пречело тоа што ја одбил Софија Вергара и ја избрал Кејти Холмс.
InStyle минатата година објави дека Том Круз бил наместен со Софија Вергара од неговиот пријател Вил Смит во февруари 2005 година. Папараците ги фотографирале и заедно од само еден состанок, а романсата наводно завршила набргу потоа.
Според Ендрју Мортон, кој ја напиша хит книгата „Том Круз: Неовластена биографија“, Софија Вергара била заслепена од насмевката на Том Круз и се забавувала од многуте телефонски повици, цвеќиња и чоколади што следеле по нивната прва средба.
Меѓутоа, како побожна католичка актерка, Софија Вергара набрзо почна да се грижи дека Том Круз можеби ќе сака да ја преобрати во скиентологија.
„Ми беше јасно дека, доколку ја прифати понудата, ќе мора да се откаже од својата католичка вера и да премине во скиентологија“, додал Ендрју Мортон и истакнал дека 51-годишната Софија Вергара е „преплашена од скиентологијата“. Како што тврди Ендрју Мортон, таа искрено верувала дека Бог ќе ја удри и ќе изгори во пеколот ако се приклучи и така романсата потоа завршила.