Разорно невреме ја зафати Словенија во текот на претходната ноќ и утрово.
За неверојатната сила на ветровите кои дувале со брзина поголема од 100 километри на час најдобро говорат фотографиите од откорнати дрвја и оштетени куќи кои се објавени на Фејсбук страницата за Neurje.si.
На таа страница се наведува дека вакво невреме како ова не се памети долги години.
Низ цела Словенија се санираат последиците од ова страшно невреме, а областа околу Мурска Собота е меѓу најтешко погодените подрачја.
Хрватски ,,Вечерни лист“ пренесува дека невремето денеска постепено се смирува, но веќе се предвидува ново невреме да се развие над западниот и централниот дел на Словенија.
Neurje.si пишува дека бурните облаците се развиваат во северна Италија и дека се предвидува дека ќе се движат кон исток и североисток.