Невреме: Населението доби наредба за итна евакуација

Жителите на Мавровско Леуново се евакуирани поради неповолни услови, со успешна операција на надлежните служби.

Евакуацијата беше успешно извршена, а службите кои беа ангажирани за поддршка и логистика покажаа подготвеност и координација.

Жителите и посетителите на хотел „Радика“ со автомобили и џипови стигнаа до Маврово, каде што патот е прооден, а безбедноста е загарантирана.

Според информациите, само неколку луѓе решиле да останат, по нивна желба.

Надлежните апелираат граѓаните да ги следат препораките за да се избегнат несакани последици.