Поранешниот сопруг на поп пејачката Бритни Спирс – Кевин Федерлајн неодамна беше фотографиран на романтична прошетка на плажа со сопругата Викторија Принс.
Како што можете да видите од приложените фотографии, љубовта меѓу двајцата цвета, а тие не ја симнаа ни насмевката од лицето додека разменуваа нежности во јавноста.
Двојката неодамна се пресели на Хаваи со своите деца, ќерките – Џордан (12) и Мери (9), а Кевин со себе ги понесе и децата што ги имаше од бракот со Бритни Спирс – Шон (18) и Џејдан (17).
Поранешната танчерка неодамна проговори за врската на Бритни и нејзините синови, а открила дека главната причина поради која повеќе не сакаат да ја гледаат се разголените видеа и фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.
Во интервју за странски медиуми, Кевин призна дека неговите синови Шон и Џејдан не ја виделе својата мајка со месеци – и тоа беше нивна желба.
„Момците одлучија дека не сакаат да ја видат. Не сакаа да одат ни на нејзината свадба“, рече тој.
Да потсетиме дека поп-ѕвездата и Федерлајн беа заедно од 2004 до 2007 година. Бритни моментално е во процес на развод од Сем Ашгари.