НЕЗАБОРАВЕН ВКУС – Рецепт за летен колач со сливи кој мора да го пробате

Предлог за лесен и вкусен рецепт кој ќе го обожава целото семејство.

Потребни состојки:

2 јајца

6 шолји шеќер

4 шолји јогурт

3 шолји масло

8 шолји брашно

1 ќесичка прашок за печиво

300 гр исчистени свежи сливи

Начин на подготовка:

Измешајте јајца, шеќер, масло и јогурт и соединете ја смесата па додајте брашно и прашок за печиво. Половина од смесата истурете ја во тава за печење, наредете ги сливите па врз нив сипете ја и останатата смеса. Печете на 220 степени околу 30 минути. Кога ќе се издади наросете шеќер во прав.