НЕЗАПАМТЕНА СЦЕНА ВО ВОЈВОДИНА: Луѓето панично бегаа – „Ова е апокалипса, уште и вулкан ќе се појави“ (ВИДЕО)

На Инстаграм профилот на 192_rs е објавено неверојатно видео од место кај Рума, Платичево.

Имено, лицето кое во тој момент се возело во автомобилот забележало необична појава, а судејќи по сенката на прозорецот, станува збор за жена.

На видеото се гледа нешто како пијавица која се формирала на нивите во близина на патот.

Во моментов не може со сигурност да се потврди дека навистина се работи за торнадо или пијавица, но ова видео предизвика лавина од коментари.

„Ништо ново, порано се случувало во селата кога дува ветер и бурата создава вител на отворен простор“, објасни еден од корисниците.

Имаше и такви кои беа збунети од ова видео.

Не дај Боже… вулкан сепак ќе се појави во Војводина!“, гласеше еден од коментарите.

„Апокалипса“, „А, дали е можно“, се само дел од реакциите на корисниците.

Имаше и такви кои се сомневаа во автентичноста на ова видео, или веруваа дека се работи за оптичка илузија или само валкани стакла на автомобилот.

„Валкано стакло, па изгледа како торнадо, погледнете го видеото внимателно“, вели еден корисник.