Италијанскиот тенисер Јаник Синер (АТП:1) ја одбрани титулата на Австралија опен откако во финалето го совлада Германецот Александар Зверев (АТП:2) со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3) во сетови.
Беше голема борба меѓу двајцата најдобри тенисери во светот, но Синер беше поконцентриран и поприсебен во клучните моменти.
Во првиот сет решавачкиот момент се случи во осмиот гем. Синер ја искористи четвртата брејк топка во тој сет, му го одзеде сервисот на ривалот, а потоа безбедно сервираше за водство во сетовите.
Вториот сет донесе уште поголема борба. Синер во третиот гем не искористи две брејк топки, а потоа и двајцата тенисери безбедно сервираа до тајбрејкот.
Во дополнителниот гем при резултат 4:4, Синер направи минибрејк, а потоа со два свои сервиси стигна до 7:4 и вториот сет.
Уште тогаш се навести дека нема враќање за Зверев на овој меч, а се беше готово кога тој направи брејк во третиот сет на 3:2 и потоа сигурно ја заврши работата.
Ова е трета Гренд слем титула за Синер по освојувањето на Австралија Опен и УС Опен минатата сезона, а за Зверев трет пораз во финалето на ГС по УС Опен во 2020 година и Ролан Гарос во 2024 година.