Со повикот во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје, започна Маршот за правата на жените што го организира Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Годинава маршот се одржува под слоганот „Нека јадат рози!“.
Организаторите повикуваат на женски марш и бојкот на солидарноста на жените за да го одбележат денот на економска, политичка и социјална борба за еднаквост на жените.
Тие велат дека 8 март не е ден за симболични гестови и застарени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.
Маршот ќе заврши во паркот „Жена Парк“ со завршни говори за јавноста и институциите.