Јелена Карлеуша гостуваше во една српска локална телевизија каде зборуваше за нејзиниот концерт и новите албуми, како и за поп музиката во последните неколку години.
Во таа прилика рече дека публиката е принудена да слуша „треш музика од 2001“ која и’ се сервира и дека таквите пејачи брзо се забораваат. Спомна нови генерации, а таму беше и младиот рапер Нучи, кој поради провокацијата влезе во војна со неа, а овојпат имаше што да каже и Цеца Ражнатовиќ.
Цеца се појави на концертот на Александра Пријовиќ и во изјава за медиумите индиректно одговори на повиците на Карлеуша до помладите генерации:
– „Дојдов да ја поддржам оваа треш музика што луѓето ја сакаат и да бидам како во 2001 година – рече таа иронично и со тоа го напиша продолжението на историјата во нивниот и онака епски конфликт.
Јелена Карлеуша брутално возврати на својот Инстаграм и одговори на индиректниот одговор на колешката со која со години не разговара.
– Ве молам некој да и’ каже на несреќната Цеца дека под треш музика од 2001 година не мислев на Прија, туку на таа што п*** два к***. Но, многу ми е забавно што таа ја препозна Прија во моите зборови. Важно е внимателно да ги следи моите интервјуа. Сакам да ѝ честитам на Прија и и’ посакувам да го избегне „синдромот Маја Б“ која публиката прво ќе ја возбуди, а потоа ќе те заборави. Тоа е она што Србите сакаат да го прават. Ќе биде тешко со оваа Анастасија Р – Икс фактор – напиша Карлеуша.