Додека на некои им се допаѓаат нејзините потези, други и замеруваат што прави вакви работи и ги сметаат за несоодветни.
За Меган Фокс веќе знаеме дека со секое појавување ќе прави спектакл, а деновиве, кога сè се врти околу Лас Вегас и „Супер Боул“ , таа се потруди повторно да се најде во центарот на вниманието.
Актерката моментално престојува и во Лас Вегас и присуствува на разни забави кои се одржуваат таму како дел од фудбалскиот спектакл, а на своите следбеници им покажа само мал дел од тоа што го подготвила за забавата.
Таа објави многу провокативни фотографии од хотелот во кој престојувала, а овој пат позирала во комплет долна облека, која се состои од корсет со врвка и гаќички со црна тантела. Провокативниот аутфит го заокружи со црни каубојски чизми со црвени детали, а на рамениците обви црна кожна јакна. Шминката ја прилагодила на фризурата. Со ова издание таа предизвика бројни реакции кај корисниците на Инстаграм
Покрај фотографиите напишала само: „Мајка“.
Додека на некои им се допаѓа нејзината „вамп“ верзија, други се разочарани и ѝ велат: „Некогаш најубавата жена во Холивуд сега изгледа како стриптизета од Вегас“, „Многу убава жена која погрешно инсистира на вештачка сексапилност“, „Да се понижува себеси „…