Неколку израелски војници се повредени по напад со дрон испратен од либанското шиитско движење Хезболах врз израелска територија, пренесоа француските медиуми.
Двајца израелски војници се тешко повредени во нападот, кој дошол од јужен Либан. Со полесни повреди се здобиле и одреден број други војници, соопшти израелската армија.
Израелскиот противракетен штит, исто така, собори две сомнителни воздушни цели кои доаѓаа од Либан, се додава во соопштението.
Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, движењето Хезболах започна прекугранични напади против Израел, кој одговори со артилериски и воздушни напади.