НЕМААТ МИР НИТУ ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ – Продолжува бруталниот конфликт во земјата полна со злато: Судан ‘поделен’ на два дела, а ‘готвачот на Владимир Путин’ оперира и во Африка

По една недела крвави борби, суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) се согласија на 72-часовен прекин на огнот за време на големиот празник Рамазан Бајрам. 

Тридневното примирје требало да започне во шест часот утринава, но истрелите и сирените продолжиле да одѕвонуваат низ главниот град Картум и соседниот Картум Бахри.

Примирјето се совпаѓа со благословениот празник Рамазан Бајрам… да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните и да им се даде можност да ги поздрават своите семејства“, се вели во соопштението на РСФ.

Утрово, додека се одржувала утринската молитва во Картум, очевидци за локалните медиуми тврдат дека низ градот одекнале експлозии, а забележале и зголемено присуство на војници на улиците, што укажува на тоа дека Армијата се подготвува за нови судири. Жителите во Картум Бахри, од другата страна на реката Нил, каде што Армијата распореди голем број војници, направиле слична опсервација.

Врховниот командант на суданската Армија, генерал Абдел Фатах ал-Бурхани, претходно ја отфрли можноста за преговори со РСФ.

Борбите меѓу РСФ и суданската Армија избија минатата сабота, четири години по соборувањето на исламистичкиот автократ Омар ал-Башир.

Најмалку 350 цивили го загубија животот, а повеќе од 3.000 беа повредени во борбата за моќ што избувна меѓу армискиот командант Бурхан и водачот на РСФ, генералот Мохамед Хамдан Дагал (попознат како Хемедти). Овие двајца го соборија Омар ал-Башир од власт во 2019 година и ветија дека ќе воспостават цивилна Влада во рок од најмногу две години. Наместо тоа, Бурхан и Хемедти се судрија затоа што РСФ не беше ставена како дел од редовната Армија, што требаше да се случи според меѓународно поддржаниот транзициски план.

Картум, Судан

Конфликтот стави крај на сите надежи за воспоставување на демократска Влада во Судан, а истиот ризикува да ја вовлече соседната земја во конфликт и може да влијае присуството на Русија и Соединетите Американски Држави (САД) во регионот.

Според УНХЦР, околу 10.000 до 20.000 луѓе побегнале од областа Дафур во Судан во соседен Чад. Дури 70 отсто од болниците во регионот не работат, а експертите предупредуваат на ризикот од уништување на целиот судански здравствен систем. Многу маркети за храна се ограбени, а милиони Суданци живеат без струја и вода. САД, Германија и Јапонија беа принудени да ги одложат плановите за евакуација на своите граѓани од земјата. Дипломатот на Европската унија во Судан, Белгиецот Вим Франсен, е повреден за време на пукање во Картум.

Судан е трета по големина земја во Африка, сместена во нестабилен и геополитички витален регион. Што и да се случи воено или политички во Картум, постои голема веројатност тоа да има последици врз соседните земји и пошироко.

Картум, Судан

Од нивниот заеднички пуч, Бурхан и Хемедти склучија сојузи со земјите кои ги посакуваат огромните златни резерви на Судан и стратешкиот пристап до Црвеното Море.

Според пишувањата на експертите, Хемедти е во т.н. пакт со Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, но и со РусијаМинистерството за финансии на САД го обвини првиот човек на групата ВагнерЕвгени Пригожин, дека ги искористил природните ресурси на Судан за лична корист. Платениците на Вагнер, наводно, управуваат со рудници за злато во Судан.

Евгениј Пригожин и Владимир Путин

Кремљ со години се обидува да воспостави воена база во Судан на брегот на Црвеното МореМосква е се поблиску до постигнување договор за формирање база со Судан.

РСФ има поддршка и од Либија. Фелдмаршалот Калифа Хафтар, командант на Либиската национална Армија, испратил најмалку еден авион со воени материјали за РСФ.

Од друга страна, Бурхан е поддржан од Египет, кој испратил воени авиони и пилоти на суданската Армија, објави неодамна весникот The Wall Street Journal.

Картум, Судан

Судан граничи со вкупно седум земји, секоја со безбедносни предизвици кои се испреплетени со суданската политика.

Проблемите во суданскиот регион Дарфур се прелеваат и во соседниот Чад, и обратно. Оружјето и борците од Чад и Централноафриканската Република разурната од војна често поминуваат слободно низ границите на регионот, а истото се случува и на северозапад, каде Судан се граничи со Либија.

На југ, Судан граничи со релативно новата нација Јужен Судан, која официјално се отцепи од својот северен сосед во 2011 година по една од најдолгите и најкрвавите граѓански војни во Африка, но и таа граница е исто така нестабилна.

По независноста на Јужен Судан, Судан изгуби поголем дел од нафтените полиња во регионот, оставајќи го посиромашен и поранлив на кризата во Картум, при што ривалските воени фракции сега се борат за контрола на намалените економски ресурси, како што се златото и земјоделството.

АфрикавојнаКартумконфликтСудан