Пејачот Харис Џиновиќ по 22 години љубов се разведе од Мелина Џиновиќ , а сега истакна дека повеќе нема да ја споменува нејзината поранешна сопруга.
Во последните месеци главна тема беше разводот на славниот пар, особено откако Харис отворено ги откри деталите од нивната врска, а сега реши да го промени тоа.
Се што ми се случува во животот е нормално! Цел Холивуд се разведуваше 100 пати, а и Белград… Па, тој уште постои. А Бред Пит и Анџелина се разведоа, што сега? – рекол Харис, а потоа налутено додаде:
– Нема повеќе да зборувам на таа тема! Ниту бев болен, ниту имав што да преболам.
Харис одговори и на прашањето за новата девојка.
– Што се однесува до нова љубов, сè уште немам. Да ја имав таа ќе беше тука со мене – изјавил тој за Пинк.