Немате многу време да чекате тестото за пица да нарасне? Пробајте го овој рецепт

Ако сакате да направите тесто за пица и немате време да чекате да нарасне, пробајте го овој едноставен рецепт.

Потребни ви се: 130 милилитри топла вода, едно пакување сув квасец, лажичка шеќер, 310 грама брашно, две лажици маслиново масло и една кафена лажичка сол.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 230 степени и загрејте ја тавата. Истурете вода во садот и додадете квасец и шеќер. Измешајте и почекајте десет минути додека смесата не стане кремаста.

Потоа додадете брашно, масло и сол во смесата и матете додека не се изедначи. Почекајте пет минути да отстои. Тестото префрлете го на површината на која претходно сте полиле малку брашно и виткајте го во круг.

После тоа, префрлете го во тавата. Додадете сосови и додатоци по желба и печете околу 15 минути. Пријатно!