Демонстранти денеска во Париз упаднаа во седиштето на луксузниот моден бренд Луј Витон пред очекуваната пресуда за контроверзните пензиски реформи во Франција.
Тие бараат француската влада да се откаже од планираните пензиски реформи и наместо тоа повеќе да ги оданочува богатите.
Десетици демонстранти мавтајќи со знамиња и факели упаднаа во просториите на Луј Витон на 22 авенија Монтењ во денес наутро – 12-тиот ден од протестите низ целата земја од почетокот на штрајковите во средината на јануари, објави Скај њуз.
– Барате пари за да ги финансирате вашите пензии? Земете го од џебовите на милијардерите – рече синдикалната активистка Суд Раила во седиштето на Луј Витон кој беше исполнет со чад.