Немате поим колку ниско е Надал на АТП листата, но е подготвен за голем кам-бек (ВИДЕО)

Рафаел Надал ја пропушти целата сезона поради повреда во второто коло на Австралија Опен.

Шпанскиот тенисер поради принудната пауза падна на 240. место на АТП листата, но не се откажува.

Надал напорно тренира во Мајорка како подготовка за неговото враќање на терените. Тоа треба да се случи токму таму каде што доживеа пех на почетокот на 2023 година, на Австралија Опен.

До престижниот Грен слем во Мелбурн остануваат уште два и пол месеци. Се надеваме дека Надал со стил ќе се врати на АТП турнејата…