Ѓорѓе Давид бил учесник во верижен судир во Македонија, кога прегазил жена (49) која починала.
Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 20 часот во Македонија. Рокерот е полесно повреден, пресечен, а раката му ја сошиле во болницата во Куманово.
Сега Ѓорѓе Давид во оваа прилика зборуваше за медиумите.
Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена – рече Ѓорѓе и додаде дека засега престојува во Македонија за да ја почитува процедурата во вакви случаи.
– Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава и како што ми рекоа од обвинителството, нема да бидам во притвор бидејќи не носам никаква вина – истакна Ѓорѓе и додаде дека се уште не може да се соземе.