Нема да верувате која наша пејачка ѝ го позајми гласот на вештерката Урсула во филмот на Дизни „Малата сирена“!

Наскоро долгоочекуваниот игран филм „Малата сирена“ според истоимениот иконски цртан филм ќе се најде на кино екраните низ Балканот.

Локална екипа од актери и музичари им ги позајми гласовите на ликовите за да ја оживеат оваа креација на Дизни.

Гласот на принцезата на Дизни, сирената Ариел, го позајми пејачката Ирина Арсентијевиќ. Душан Свилар му помогна на принцот Ерик да се изрази, додека Ѓорѓе Давид го толкуваше гласот на кралот Тритон.

Незаборавниот лик на Урсула ѝ припадна на македпнската пејачка Тијана Дапќевиќ, додека улогата на забавниот галеб Скутла ја имаше пејачката Едита Арадиновиќ. Гласот на познатиот рак Себастијан го носи актерот Милан Тубиќ.

Несомнено е дека ова беше предизвик за пејачите, но судејќи по коментарите кои кружат на социјалните мрежи, сите едвај чекаат да го погледнат филмот и да дознаат како ги интерпретирале главните ликови.