„НЕМА ДА ГО ПОМИЛУВАМ СИНОТ“: Бајден најави судење на Хантер за дрога и нелегално поседување оружје

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да го помилува својот син Хантер доколку биде осуден на федерално судење за поседување оружје и употреба на наркотици .

Бајден зборуваше за „ABC News“ од Нормандија, Франција, каде што ја одбележува годишнината од Денот Д.

Белата куќа во минатото изјави дека Бајден нема да го помилува Хантер, но во интервјуто во четвртокот тој беше прашан дали ќе го прифати исходот од судењето на неговиот син, на што тој рече „Да“, според „Еј-би-си“.

Потврдно одговори и на прашањето дали би исклучил помилување.

Потсетуваме, на Хантер Бајден му се суди за недозволено поседување оружје и употреба на наркотици, што тој пред судот го негираше.

Обвинителите вчера рекоа пред поротата дека синот на американскиот претседател Џо Бајден е „зависник од дрога кој лажел на формулар за да купи пиштол“ и рече дека „никој не е над законот“, како што сведочеше неговата поранешна девојка Зои Честнат дека пушел крек. „Околу на секои 20 минути“ кога се сретнале.

Таа рече дека синот на американскиот претседател користел дрога во луксузни хотели во Лос Анџелес и дека понекогаш со денови не излегувал од својата соба, пренесува Ројтерс. Сето ова се случило неколку месеци пред да го купи пиштолот во 2018 година, тврди таа.