Пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ минатата година ја информираа јавноста дека се разведуваат по повеќе од две децении брак. Имаше многу шпекулации за нивното раскинување, но тие избегнуваа да зборуваат на оваа тема и секогаш имаа само пофални зборови еден за друг.
Целосно го свртела вниманието кон децата и работата, а гласините за нејзината врска со Тони не ја засегаат.
– Мислам дека луѓето забележаа дека сум целосно надвор од приказната и дека едноставно се грижам за моите деца. Останувам верна на семејството, се грижам за него, сакам убави работи – вели Драгана и додава:
– Уживам да бидам со публиката, инаку сум личност која е полна со љубов и ништо нема да ме вознемири или промени. Луѓето можат да ми направат нешто лошо, јас секогаш ќе ги сакам луѓето, никогаш не можам да станам огорчена жена. Можам само да сакам сè повеќе и повеќе – додаде пејачката неодамна, а потоа се наврати на своите деца.
– Секогаш со нешто ме радуваат. Децата се прекрасни, иако веќе не се деца, но тоа е она што секогаш го велам. Тие се возрасни, многу добри и приврзани, паметни и нормални, благодарна сум им што секогаш беа со мене и што толку многу ме сакаа – изјави тогаш пејачката и додаде:
– Морам да кажам дека и двајцата се многу горди на својата мајка, а тоа е мојот најголем успех што можам да го постигнам – истакна еднаш за „Пинк“ Драгана Мирковиќ.
Изјава на Драгана Мирковиќ за развод
Да потсетиме, Драгана и’ се обрати на јавноста и објави дека се разведува по повеќе од две децении брак:
– Како некој кој целиот свој живот го заснова на чесност, чувствувам морална обврска денеска да и’ се обратам на целата јавност. Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод. Мојот однос со Тони одамна не е како што беше, а последните три години практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитанa, направив сè за да јс спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, тој јаз стана сè поголем и сфатив дека повеќе им штетиме на нашите сакани со тоа што остануваме принудени во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак. Секако останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, бидејќи останувам верна на моето семејство и на мојата публика и секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години – стои во изјавата.