Пол Погба беше обвинет за допинг, а друг фудбалер на Јувентус, Николо Фаџоли, е под истрага за обложување!
Италијанските медиуми денес открија нова афера во славниот клуб.
Имено, Николо Фаџоли наводно се обложил на нелегални платформи, што е забрането со закон во Италија.
Интересно е што Николо Фаџоли сезонава почна да добива се повеќе шанси од тренерот. Тој одигра шест натпревари и забележа една асистенција во Серија А.