НЕМА КРАЈ НА ‘ЦРНИТЕ ДЕНОВИ’ ЗА ШАКИРА – По прељубата и болното раскинување на латнио-дивата и се заканува казна затвор од осум години !?

Познатата пејачка Шакира ја чека уште едно судење, овојпат поради обвинението дека на шпанските даночни власти им должи речиси 6,7 милиони евра. 

Канцеларијата на јавниот обвинител поднесе кривична пријава против Колумбијката пред суд во близина на Барселона, соопшти портпаролот во вторникот и додаде дека сега судот ќе одлучи дали ќе и се суди на пејачката.

Прелиминарната истрага започна во јули, откако УЈП пријави две можни прекршувања поврзани со даноците на доход и имот во 2018 година.

На Шакира оваа година треба да и се суди во Барселона по одделни обвиненија за затајување данок во вкупна вредност од околу 14,5 милиони евра помеѓу 2012 и 2014 година. Државниот обвинител бара затворска казна од осум години и два месеци и парична казна од 23,8 милиони евра.

Шакира 

Шакира постојано вели дека е невина во првиот случај и тврди дека била обврзана да плаќа данок на Бахамите во 2012, 2013 и 2014 година, а не во Шпанија. Но, таа вели дека во меѓувреме ги платила сите даноци плус затезна камата.

Во јули минатата година, Шакира одби вонсудска спогодба во Шпанија, каде што повремено живееше со поранешниот шпански фудбалер и поранешен сопруг Жерар Пике. По раскинувањето, Шакира се преселила во Мајами со своите синови.

Шакира