НЕМА МИР ЗА ВЛАДИМИР ПУТИН – Хаос во руските сили, по Вагнер, други руски платеници водат нова борба: “Се опијаниле, а потоа направиле…“

Најмалку 11 лица, меѓу кои и четворица руски војници, наводно се убиени во престрелка меѓу припадници на силите на рускиот претседател Владимир Путин на окупирана територија во јужна Украина.

Украинските власти соопштија дека до пукањето дошло кога чеченските борци лојални на Кремљ се судриле со руските војници во селото Урзуф, на околу 40 километри од украинскиот пристанишен град Мариупол, кој руските сили целосно го уништија и го окупираа минатата година.

На видеото објавено од украинските власти се гледаат две мртви тела во автомобили погоден со куршуми. Едниот од загинатите е во воена униформа, а другиот е во цивилна облека, пишува весникот The Times.

Советник на градоначалникот на Мариупол во егзил изјави дека во конфликтот загинале седум цивили, меѓу кои и две тинејџерки. 

Еден извештај вели дека Чеченците отвориле оган врз руски војници и цивили откако испиле многу алкохол.

Иван Топузов, прв човек на регионот Мариупол назначен од Кремљ, потврди дека имало пукање. Тој вели дека руските истражители на местото на настанот одбиле да му дадат какви било информации.

Кога стигнав таму, службеници од истражната комисија работеа. Не ме пуштија и ми рекоа – тоа не е твоја работа. Има жртви, но не знам колку“, изјавил тој за независниот руски канал на социјалната мрежа Телеграм Astra.

Ахмед Дудаев, висок чеченски функционер, ги отфрли информациите дека чеченските борци биле вклучени во инцидентот како „дезинформација“, но не негираше дека имало пукање.

Инаку, инцидентот се случил во петокот, но веднаш не бил пријавен.

Судирот се случил неколку недели откако илјадници тешко вооружени борци на платеничката група Вагнер тргнаа кон Москва по повеќемесечниот судир меѓу лидерот на групата, Евгениј Пригожин, и највисокиот врв на руската Армија, министерот за одбрана, Сергеј Шојгу и началникот на рускиот Генералштаб, Валери Герасимов.

Борците од озлогласена платеничка група Вагнер убија тогаш околу 15 руски војници и уништија неколку воени хеликоптери и авиони пред договорот во последен момент да го запре нивното напредување кон руската престолнина.

Во јавноста се појавуваа бројни извештаи за пукотници и судири меѓу ривалските единици на силите на Владимир Путин откако Русија ја нападна Украина пред речиси 18 месеци.

Жителите на украинскиот град Херсон минатата година тврдеа дека членовите на чеченските сили се судриле со платениците на Вагнер додека градот сè уште бил под руска окупација. Тие, исто така, тврдеа дека етничките руски војници се судриле со војниците на етничките бурјат од источен Сибир.

На социјалните мрежи беа објавени и наводни снимки од судири меѓу борците на групата Вагнер и редовните руски сили, а информации за наводните судири објавија бројни медиуми, кои известуваа и за злоупотреба на руски војници од страна на платеници.

Русија започна две војни за да спречи Чеченија, провинција со мнозинско муслиманско население, да добие независност по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Првиот конфликт избувна во 1994 година, а втората чеченска војна започна во 1999 година.

Денешниот чеченски лидер Рамзан Кадиров е верен сојузник на Владимир Путин.

војнаМариуполРусијаУкраинаЧеченија