Билатералната трговија меѓу Кина и САД достигна рекордно високо ниво во 2022 година, соопшти кинеското Министерство за трговија, цитирајќи податоци од двете земји.
Портпаролката на Министерството, Шу Јуетинг, рече дека ова покажува дека економската структура меѓу двете земји е многу комплементарна.
– Тоа ја покажува и заемно корисната природа на економската и трговската соработка – рече таа, пренесува Кинеското меѓународно радио.
Шу изјави дека економската и трговската соработка меѓу Кина и САД се однесува на виталните интереси на двете земји и игра клучна улога во глобалниот економски раст.
– ,,Американско-кинескиот деловен совет смета дека врската меѓу САД и Кина ќе биде од корист за народите на двете земји” – рече Шу.