НЕМА ОДМОР ЗА СРБИНОТ – Новак Ѓоковиќ веќе ги запали моторите и почна да тренира за следната сезона

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ веќе почна да се подготвува за стартот на новата сезона.

По краток одмор, Новак Ѓоковиќ веќе почна да се подготвува за новата сезона во Марбеља.

Последна акција што ја имаше беше настапот за српската репрезентација на Дејвис Купот на крајот на ноември, кога избраниците на Виктор Троицки загубија од Италија во полуфиналето.

Пред официјалното одигрување на првиот натпревар во новата натпреварувачка година, Новак Ѓоковиќ ќе има егзибиција против Карлос Алкараз во Саудиска Арабија.

Тој настан е закажан за 26. декември, а три дена подоцна Новак Ѓоковиќ го очекува Купот на Јунајтед кој ќе се игра од 29. декември до 7. јануари. Српските тенисери се во групата Е со Чешка и Кина.

Новак Ѓоковиќтенис