Двајца браќа, Мухамед Енес Јенинар (17) и Баки Јенинар беа спасени во Кахраманмараш, 198 часа по смртоносните земјотреси.
18-годишниот Мухамед Кафер Четин, исто така, беше спасен во провинцијата Адијаман 198 часа по земјотресите.
Најмалку 31.643 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркција на 6 февруари. Повеќе од 80.000 други беа повредени.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во провинцијата Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 провинции, вклучувајќи ги Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије и Шанлиурфа.
Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Турција за помалку од 10 часа.