Криминалот на кадрите на СДС и ДУИ метастазирал во сите гранки на општественото делување. Криминалот на СДС е синоним за нивното владеење како и причина за 2 проценти доверба во правосудството и недоверба во институциите на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Секојдневно на површина излегуваат криминалите за време на владеењето на функционерите од СДС.
Индиции и докази за криминалот и злоупотребите од страна на функционерите за време на 7 годишно владеење на СДС и ДУИ се пред очиглед на јавноста. Во текот на вчерашниот ден беше приведен Филип Андов -Сокол член на ЦО на СДСМ и ексдиректор на Истражниот затвор Скопје и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, кои се главни осомничени“.
Ексдиректорот Филип Андов- Сокол, како што појаснуваат, претходно му беше советник на експремиерот Зоран Заев за креирање политики за граѓаните на Град Скопје.
Народот, додаваат од ВМРО-ДПММНЕ, гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса.
„Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ. Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството“, нагласуваат од оваа партија.