Нема Руси во Минхен: Захарова го потврди она што многумина го очекуваа (ФОТО)

На Минхенската безбедносна конференција нема да има руска делегација, потврди портпаролката на руското МНР Марија Захарова .

„Ниту една покана не е добиена од руската страна“, рече Захарова.

Имаше одредена неизвесност дали Кремљ ќе испрати делегација.

Иако не се очекуваше, сомнежите ги отвори изјавата на Доналд Трамп дека може да има разговори меѓу украинските и руските претставници на конференција или на друго место во градот.

Сепак, ниту Москва ниту Киев не најавија дека очекуваат преговори, а Би-Би-Си претходно објави дека на конференцијата немало руски претставници.