Семејството на Немања З. (20) чие тело беше пронајдено вчера на брегот на Дунав во Земун, е завиено во црно по трагичната вест која им била соопштена по повеќе од една недела потрага по него! Иако никој од нив не изгубил надеж, за жал, на 30 декември добиле страшна вест кога им било кажано дека телото на нивното сакано дете е пронајдено со видливи повреди.
Мајката на Немања веднаш се огласи на социјалните мрежи и објави дека Немања е пронајден и дека повеќе не е жив.
Заедно со шокантната објава, таа сподели и две фотографии од синот, а во знак на жалење и тага на својот Фејсбук профил објави црна фотографија под која се наредени коментари со сочувство и утешни зборови за мајката чиј син беше брутално убиен.
– Немам зборови, се надевам дека Немања е меѓу ангелите бидејќи и самиот бил ангел… Господ да ти даде сила да продолжиш… Тешко е и нема утешни зборови за мајка на која и’ е убиено детето – гласеше еден од коментарите.
Да потсетиме, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вчера соопшти дека за ова дело е уапсен неговиот цимер Ф.Г.(36) поради сомнение дека со огнено оружје го убил Немања.
– На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство за понатамошна постапка – рече Дачиќ.
Инаку, за медиумите се огласи и братот на Немања, Саша, кој потоа изјави дека последен пат се слушнал со Немања на 21 декември, по што неговиот телефон бил недостапен два дена подоцна кога повторно му се јавил.
– Сопственикот на станот во кој живеел Немања со цимерот вели дека го видел четири дена пред исчезнувањето. Недостапен е и телефонот на цимерот, го барав бројот, се јавив, но залудно – изјави претходно братот на Немања.
Како што вели, сè изгледало нормално последниот пат кога се виделе.
– Дојде на работа кај мене, немаше знак дека ќе исчезне – продолжува тој и додава дека последниот телефонски сигнал се губи во близина на брегот на Дунав каде на крајот е пронајдено неговото тело.