Чувствата кон поранешната љубов, сексуалните искуства, па дури и трикови за убавина се дел од темите кои дамите ги сметаат за дел од својата приватност.
Повеќето жени вешто кријат некои факти од партнерот, не затоа што се плашат да ги откријат, туку затоа што тоа е дел од „нејзината слобода“, велат психолозите.
Во истражувањето спроведено на социјалните мрежи, жените тешко зборувале за своите тајни, но кога по некое време маските навистина почнале да паѓаат, откриле многу работи што не би ги споделиле со сегашните партнери.
Еве што најчесто се. наведуваа како тема која „не е за негови уши“.
Сексуални искуства
Ако претходно имала подобар љубовник, тоа сигурно нема да му го открие на сегашниот партнер. Повеќето жени се плашат дека ќе бидат осудени поради нивните сексуални желби, желба за експериментирање или нешто друго, а некои едноставно не сакаат да му откријат на партнерот затоа што мислат дека тоа ќе го повреди и оптоварува него, а со тоа и самите себе.
Женски приказни
Многу жени, без разлика колку се отворени во комуникацијата, некои работи споделуваат само со својата пријателка. Нивниот став за ова е дека ниту еден маж не може да ја разбере или советува жената како што може друга жена.
Убавина
Можеби прашањето е прилично чудно, но многу жени нема да му откријат на партнерот какви ритуали имаат за задникот да им изгледа толку добро. Тие кријат ситни брчки на лицето и други недостатоци и нема да откријат како успеваат да го направат тоа. Тие сакаат да освојат маж со својата убавина, а тој не треба да знае како го постигнуваат тоа.
Чувства кон поранешното момче
Дури и ако не ја преболеле претходната љубов и ако сè уште негуваат некои чувства за поранешното момче, ниту една жена нема да го открие тоа за да не го повреди сегашниот партнер. Во текот на анкетата, некои жени одговориле дека сепак на сегашниот партнер му рекле дека нивниот поранешен бил „добра можност“ само за да сегашното момче се обиде да биде подобар, пишува Информер.
Ставовите за неговата сестра, мајка, татко…
Многу жени откриле дека ќе бидат многу внимателни на овие теми, без оглед на нивниот став кон член на неговото семејство. Причината за тоа е што, како што изјавија, не сакаат да го доведат својот маж во ситуација да треба да избира меѓу нив и неа.