ФА усвојува нови правила кои посебно важат за играчите на теренот
Челниците во Премиер лигата воведоа нови правила за играчите, кои се многу построги за оние кои недолично се однесуваат на теренот.
Посебно е апострофиран односот на играчите кон судиите, а фудбалерите во иднина нема да смеат да имаат физички контакт со судиите, да влегуваат во нивниот простор, па дури и да имаат пожесток вербален конфликт со нив.
Исто така, се наведува дека двајца или повеќе играчи ќе бидат казнети со жолт картон доколку ги опкружат судиите за време на натпреварот.
- Решени сме да ги усогласиме правилата на однесување на фудбалските натпревари. Сметаме дека моменталната ситуација не е добра и судиите мора да имаат подобра заштита, како и навивачите да се однесуваат согласно правилата на трибините – се вели во соопштението на ФА.