Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида денес пристигна во Киев нешто пред 12:00 часот по средноевропско време.
Кишида пристигна со воз од Полска и по десетчасовно патување пристигнал во главниот град на Украина, Киев. Според видео-снимките прикажани на јапонската државна телевизија, претседателот на јапонската Влада бил пречекан на железничката станица во Киев, од заменик-министерката за надворешни работи на Украина, Емина Јапарова.
Се очекува во блиска иднина премиерот на Јапонија да се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Ова е прва посета на Кишида на Украина од почетокот на руската инвазија во Украина.
Тој останува последен од лидерите на земјите од Г-7 кои се уште не биле на таков пат, односно во посета на Украина. Кишида е придружуван од секретарот на Советот за национална безбедност на Јапонија, Такео Акиба и претставници од Министерството за надворешни работи на Јапонија.
Кишида во текот на денот ќе се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.