Тања Свилановиќ, попозната како Тања Рес, новинарка која обработуваше теми од шоу-бизнисот, ненадејно почина во ноќта меѓу петокот и саботата на 40-годишна возраст.
Според неофицијални информации, причина за смртта е срцев удар. Покрај новинарството, Тања била и професорка, предавајќи социологија во средно училиште во Белград.
Во текот на својата професионална кариера работеше во редакциите на весниците Ало, Објектив и Информер. Зад себе оставила малолетно дете.
Од Тања се простија колегите и учениците од 14-та гимназија во Белград, каде Свилановиќ работеше последните осум месеци. На комеморацијата што се одржа во гимназијата се слушаше липањето на колегите и учениците.
Да потсетиме, според неофицијални информации, причина за смртта е срцев удар. Покрај новинарството, Тања била и професорка, предавајќи социологија во средно училиште во Белград.
Во продолжение можете да погледнете едно од гостувањата и оценувањето на Тања на задругарите во популарната „Задруга“ :