Поранешниот премиер на Кина, Ли Кечијанг, почина од ненадеен срцев удар на 68-годишна возраст, јавуваат кинеските државни медиуми.
„Другарот Ли Кечијанг доживеа ненадеен срцев удар на 26. октомври додека беше на одмор во Шангај, каде што престојуваше последните неколку дена, и почина 10 минути по полноќ на 27. октомври по неуспешните обиди за реанимација“, објави кинеската државна телевизија CCTV.
Ли Кечијанг помина цела деценија како премиер, од 2013 до март оваа година.
Иако за време на неговата политичка кариера Ли Кечијанг беше познат и како кандидат за преземање на раководството на кинеската Комунистичка партија, во последните години претседателот Си Џинпинг се повеќе го маргинализираше и го стави во втор план.