Ненад Чанак Македонски: На Балканот сите сме едно (фото/видео)

Ненад Чанак, еден од најконтроверзните српски политичари, кој постојано ја изненадува јавноста со неговите гео – политички анализи, беше гостин во политичката емисија Во Центар.

На почетокот на емисијата тој проговори за неговото потекло односно потврди дека во неговата лоза има и македонски корени.

-,,Мојата баба, мајка му на татко ми, Славка Џимревска беше од Куманово. Штом завршила учителска школа во Југославија била распоредена да работи во Војводина. Тука го запознала мојот дедо и тука формирала семејство” – изјави Ненад.

-,,Куманово е важен историски град, многу работи ме спојуваат за тој град. Ние на Балканот сите сме поврзани не само пријателски и роднински туку онака суштински, економски, политички вистински. Светот на земјите од поранешна Југославија cè уште гледа како на едно. Нам нè спои Тито. Тој е голема историска личност. Тоа што тој ни го остави како аманет, за жал, ние не успеавме да во сочуваме.

Целото интервју со Ненад Чанак можете да го погледнете во продолжение: