Некои истражувања покажаа дека умерените количини на пиво влијаат на фитоестрогенот или естрогенот, кој природно се наоѓа во хмељот.
Комбинирајте пиво со храна – афродизијак
Лутите пиперки можат да го зголемат протокот на крв, вели Ван Кирк, додека остригите се богати со цинк и амино киселини. Пробајте ги остригите, а потоа преминете на некое зачинето главно јадење и секако измијте го сето тоа со ладно пиво.
Пивото не е само за него
Пивото не им помага само на мажите, туку и на жените. Фитоестрогените кои се наоѓаат во пивото (Хмељ) ќе помогнат да се зголеми либидото на жената и да се балансираат хормоните.
Темно пиво
Ако вашиот маж ужива во темно пиво, тогаш имате среќа. Ван Кирк тврди дека содржината на железо во темното пиво овозможува посилна ерекција.
Не претерувајте со пивото
Запомнете дека умереноста е клучот за сè. Премногу пиво може да создаде промени во хормоните кои негативно влијаат на сексуалната желба и способност на мажот, вели Ван Кирк. Вистинската количина на пиво што може да ја подобри врската варира од личност до личност, но студиите покажуваат дека едно до три шишиња пиво дневно може да направи голема разлика.