Во Бразил синоќа се одигра реваншот од финалето на плеј-офот на фудбалскиот шампионат, а титулата му припадна на Коринтијанс кој го совлада Палмеирас.
Синоќа резултатот беше 0:0, но Коринтијанс го доби првиот натпревар на гости со минимални 1:0, што беше доволно за шампионската титула.
Трагична фигура за Палмеирас синоќа беше Рафаел Веига, кој промаши пенал во 73. минута, а натпреварот заврши во хаос. Сè започна со потегот на Мемфис Депај, кој во интересен „дриблинг“ реши да ја згази топката со двете нозе.
Тоа го направи во близина на корнер знаменцето, по што двајца противнички играчи се упатија кон него и го фаулираа. Следуваше бурна реакција на играчите кои се загреваа, а на теренот дојде до судир.
На крајот сето тоа резултираше со црвени картони за Хозе Мартинез и Марсело Ломба надвор од теренот, а дваесетина минути траеа судирите по што настана општиот хаос.
Коринтијанс го освои првото бразилско првенство по осум години, а последен пат го освои во 2017 година, а ова е негова осма титула во историјата.