На небото над Атина камера сними метеор кој прелетал со голема брзина и на момент ја осветлил грчката престолнина со сина светлина.
На небото над Атина се случи неверојатна работа , камера го сними патот на метеор на небото над главниот град на Грција.
Видеото покажува темно, облачно небо. Неколку секунди подоцна, силна светлина го осветлува небото и Атина, а потоа исчезнува.
Медиумите во Грција јавуваат дека оваа глетка на небото била придружена со необичен звук.
Метеорот е снимен во 05:49 часот западно од Ахарнес од камерите на метеоролошката станица Ахарнес. Брзината на метеорот е означена со 1/2.