Необичен случај од Хрватска: Маж провалил во куќа и заспал во дневната соба

Обидот за кражба во хрватскиот град Медулин имаше бизарен епилог.

Словенечки државјанин (30) е пронајден како спие во дневната соба од куќата во која провалил, соопшти истарската полиција.

Инцидентот се случил во раните утрински часови во саботата. Мажот прво го скршил стаклото на терасата за да влезе во куќата, а сопственикот на куќата го пронашол како спие во дневната соба кратко потоа и веднаш ја повикал полицијата.

Полицијата во Пула спроведе и заврши кривична истрага против 30-годишникот. Поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба, против словенечкиот државјанин се поднесува кривична пријава до надлежното државно обвинителство во редовна постапка.